ПЛЕТЕНА ГАЛЕРИЈА
Мала визуелна прошетка низ нашите хуманитарни акции и плетени изработки
Плетени чорапчиња за новородени бебиња
Изработени од памучен конец во 2026 година, со многу љубов наменети за најмалите на гинеколошкиот оддел во Струмица.











Плетени подароци за деца со хематолошки и онколошки заболувања
Преку акциите одржани во 2019, 2021 и 2025 година изработивме и дониравме капчиња, шалчиња, ракавици, џемперчиња, играчки и ќебиња за малите борци на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје















































Хеклани октоподи за предвремено родени бебиња
Малите хеклани октоподи кои служат како терапевтска медицинска поддршка и носат сигурност во инкубаторите. Низ акциите од 2019, 2020, 2023 и 2025 година, октоподчињата ги дониравме за предвремено родените бебиња на одделот за неонатологија во Скопје, како и во болниците во Битола и Прилеп.









Плетени ќебиња за доенчиња и мали деца во Битола
Во текот на 2024 година, здружената енергија на околу 90 хумани луѓе создаде вистинска магија од плетени играчки, облека и целосни ќебиња. Од вкупно 141 изработено ќебе, 105 беа донирани во Домот за доенчиња и мали деца – Битола, додека останатите 36 заедно со капи заминаа кај малите херои во Детски дом „11 Октомври“ – Скопје

































Плетени сензорни ракавици за лица со деменција
Во текот на 2023 година, изработивме и дониравме специјални сензорни ракавици (Twiddle Muff) наменети за лицата со деменција во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје.












Плетени зимски производи за лица без постојано живеалиште
Низ акциите реализирани во 2023 и 2024 година, создадовме над 500 парчиња рачно изработени капи, шалови, калчунки, ракавици и други топли додатоци. Овие производи беа лично донирани на нашите сограѓани без постојано живеалиште во Скопје, преку соработка со иницијативата „Вистински дела на љубезност“.

















Плетени ќебиња за стамбените единици со поддршка во Велес
Во текот на 2021 година, креиравме уникатни ќебиња составени од плетени квадрати, кои беа донирани во станбената единица за живеење со поддршка во Велес. Оваа акција беше реализирана во рамките на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка – ТИМОР“.










Нашите почетоци во 2018 година
Фотографии од нашата прва средба на Светскиот ден на плетење во јавност 09.06.2018 година која се одржа во скопскиот рок бар „Гарсон“ во центарот на Скопје. Клучниот настан за нашето поврзување и почетокот на нашата заедница. Настанот беше организиран од Александра Стефановска (основач на групата) и Цвете Митковска. Во организацискиот одбор ни се придружи Гордана Николова во 2019 година.






















Плетачки кафе-средби
Вака се создаваше нашата плетена заедница – од средба до средба, од акција до акција. Мала ретроспектива на нашите кафе-средби: погледнете како се дружиме, учиме и заедно плетеме од 2018 година па сè до денес. ♡















































