ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ПЛЕТЕНИ КОЦКИ

Ние сме заедница на луѓе кои ја претвораат љубовта кон плетењето и дружењето во конкретна активност. Преку нашите хуманитарни акции и рачни изработки директно им помагаме на нашите сограѓани низ Македонија.

Нашата хуманитарна мисија

Ги спојуваме нашите традиционални вештини за плетење и хеклање како начин да создадеме уникатни плетени продукти, а притоа ги наменуваме и донираме на нашите сограѓани или одредени социјални групи кои би имале потреба од истите.

Онлајн и Офлајн заедница​

Иницијативите ги спроведуваме преку нашата фејсбук група каде ги договараме акциите, ги одредуваме потребните инструкции за изработка на продуктите, временски рокови и фидбекот со членките кои се приклучуваат. 

Средби за дружење и волна​

Повремено огранизираме средби во некое кафуле како би плетеле заедно, би поразговале за следни акции и би размениле донирана волница.

Доколку сакате да бидете дел од нашата плетена и хуманитарна заедница, проверете ги нашите актуелни акции за плетење и приклучете се уште денес!

Scroll to Top