КАКО ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ?

Погледнете ги опциите подолу, изберете го начинот кој најмногу ви одговара и станете дел од нашата заедница.

Плетете за актуелната акција

Вклучете се во нашите актуелни акции со изработка на целосни плетени производи според одредени насоки или исплетете дел коj потоа ќе гo споиме во финален плетен производ.

Донирајте клопчиња волница

Доколку не плетете, а би сакале да помогнете, може да донирате волница која ја проследуваме на нашите членки за изработка на плетени продукти на нашата следна кафе-средба.

Доставете или споделете акција

Донесете ги готовите парчиња на нашите собири, испратете ги по пошта или едноставно споделете ги нашите акции за да стигнеме до повеќе нови членови што сакаат да вклучат.

Подготвени сте да станете член на „Плетени коцки“?

Придружете ни се во Фејсбук групата за сите прашања и дружење, или директно контактирајте нè за донации. Учеството во групата е бесплатно!

Scroll to Top