ЗА НАС
Приказната зад Плетени коцки и како ја претворивме љубовта кон плетењето во наша хуманитарна мисија
„Плетени коцки“ е хуманитарна неформална иницијатива која ги поврзува љубовта кон плетењето со желбата да помогнеме на нашите сограѓани во Македонија на кои им е тоа најпотребно.
Плетеме веќе 8 години и заеднички создадовме мрежа од истомисленици и креативни хуманитарци кои неуморно учествуваат во нашите акции. Ја подигнуваме свеста на нашите сограѓани да помогнат дури и од своите домови, со изработка на плетени продукти, со материјал за плетење или со предлози за нови иницијативи.
Мотивирани од глобалниот проект „Knit a Square“, (плетени квадрати од кои се изработуваат ќебиња за дечиња кои се сирачиња во Јужна Африка) ја создадовме иницијативата „Плетени коцки“ во 2018 година за да донесеме топлина во нашата заедница. Од рачно изработени квадрати (20 × 20 cm) изработувавме ќебиња кои ги дониравме на сограѓани на кои им се најпотребни.
Потоа продолживме со разни други плетени идеи и акции, за различни возрасни групи.
Секој е добредојден да придонесе — со своето време, материјали, знаење или желба да помогне.
